Достапни линкови

САД загрижени за немирите во Египет


Судирите во Египет

Судирите во Египет

Американскиот претседател Барак Обама изрази загриженост за насилството во Египет и повика на воздржаност пред утрешните протести. Говорејќи во Јужна Африка тој изјави дека е разочаран од судирите во Александрија и Порт Саид при кои загинаа три лица, меѓу кои и еден Американец.
Обама ги повика и поддржувачите и противниците на египетскиот претседател Мухамед Морси да ги остават нивните разлики настрана и да спроведат конструктивен дијалог, бидејќи ниту една страна нема корист од сегашниот ќор сокак.
XS
SM
MD
LG