Достапни линкови

Иран-новиот претседател вети подобри односи со светските сили


Новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани

Новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани

Новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани вети дека неговиот мандат ќе го искористи за да ги подобри односите со светските сили. Говорејќи за време на неговото прво телевизиско обраќање по изборите на 14 јуни Рохани рече дека ќе се продолжи со умерената надворешна политика преку конструктива интеракција со надворешниот свет.
Рохани директно не ги спомена нуклеарната програма и поддршката на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад со кои не се согласува Западот. Рохани порача дека ќе работи на намалување на тензиите и изградба на доверба откако ќе ја преземе функцијата на 3 август.
XS
SM
MD
LG