Достапни линкови

logo-print

ОН со критика за комисијата за човековите права во Авганистан


Високиот комесар за човекови права на ОН Нави Пилај

Високиот комесар за човекови права на ОН Нави Пилај

Високиот комесар за човекови права на ОН Нави Пилај предупреди дека назначувањето на нови членови на авганистанската Независна комисија за човекови права ја компромитира ефективноста и независноста на организацијата. Според соопштението, комисијата треба да биде посветена на човековите права и при транзицијата на Авганистан таа треба да ја зајакне својата улога и да се осигура интегритетот на нејзините членови. Соопштението доаѓа по назначувањето на 16 нови членови во комисијата од страна на претседателот Хамид Карзаи.
XS
SM
MD
LG