Достапни линкови

Груевски-Македонија добро се држи на економски план


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски во вториот дел од интервјуто за „Дневник“вели дека со оглед на економската криза Македонија се движи во релативно добра насока, но ако пред неколку години му биле споменати сегашните економски резултати, ќе бил незадоволен. Според него, има неколку компании кои се заинтересирани за инвестиции во Македонија, но се додека не почнат со градба, не може да се каже дека се сто отсто сигурни, бидејќи се уште не донеле одлука. Груевски порачува дека не може да ги објави имиња на компаниите кои се заинтересирани додека тие не одлучат да ја објават инвестицијата. Тоа според него, е старо деловно правило во оваа работа.
На прашањето колкав одѕив досега имале од роуд шоуата тој вели дека најголем дел од комапниите кои на било кој начин ја продолжиле комуникацијата доаѓаат од Америка, Германија, Турција и Индија. Груевски вели дека нашите бизнисмени малку и ретко ги користат амбасадорите и промоторите, бидејќи владее некоја апатичност, локална ориентираност, веројатно и недостиг на самодоверба и на енергија кај голем дел од нив. Премиерот порачува дека нивна примарна цел, освен стратешкиот интерес за членство во ЕУ и во НАТО и градењето добри политички односи со сите земји, како и проблемот со името, треба да се економијата, инвестициите и отворањето нови работни места.
XS
SM
MD
LG