Достапни линкови

Таткото на Сноуден верува дека неговиот син ќе се врати во САД


Активисти со постери на ликот на Едвард Сноуден

Активисти со постери на ликот на Едвард Сноуден

Таткото на Едвард Сноуден кој е обвинет за шпионажа изјави дека верува оти неговиот син доброволно ќе се врати во САД под одредени услови. Медиумите јавија дека Лони Сноуден планира да напише писмо до Министерството за правда во кое ќе бидат наведени условите во кои ќе се бара неговиот син да не биде притворен пред судењето и да не му биде забрането да зборува јавно.
Лони Сноуден изјави дека неговиот син го прекршил законот со тоа што открил информации за американските тајни програми за надзор, но дека тој не го предал американскиот народ.
XS
SM
MD
LG