Достапни линкови

Приведен свештеник за наводен обид за шверц на пари


Високорангиран католички свештеник е уапсен под сомнение за обид за шверц на 26 милиони американски долари готовина во финансиската администрација на Ватикан. Тој е пренесен во Рим во затвор. Обвинителството соопшти дека 61 годишниот свештеник бил најмен од неговото семејство да ги прошверцува парите во Ватикан без да го фатат царинските и даночните контроли. Скандалот е потенцијален срам за папата Францис, кој по неговиот избор проповеда едноставен скромен живот за свештените лица и отпочна истрага за наводна проневера на пари од банката во Ватикан.
XS
SM
MD
LG