Достапни линкови

Шекеринска: Македонија денеска го доживува најголемиот пораз


Опозициската СДСМ оцени дека Република Македонија денеска го доживува најголемиот пораз и неуспех во евроинтеграциските процеси. Како резултат на политиките на Владата државата се наоѓа во „крајно неповолен и загрижувачки политички момент“ сметаат од најголемата опозициска партија. Радмила Шеќеринска од СДСМ на прес-конференција рече дека Македонија не заслужува од лидер во Западниот Балкан во евроинтеграцииите да остане на крајот на процесот. „На последниот самит на Европската унија, 90 месеци откако Македонија стана земја кандидат за членка на ЕУ, земјата не успеа да влезе во ниту еден документ, не е спомната во ниту еден заклучок. Не постоеше ниту една европска држава која што го отвори повторно прашањето за нашето членство во Европската унија“ рече Шеќеринска и дополни: „ Точно е дека меѓународната заедница покажува помала заинтересираност за македонските предизвици од порано. Но затоа, вистинското прашање е зошто ова се случува?“
XS
SM
MD
LG