Достапни линкови

Ставрески: Македонската економија бележи раст од 2,9 проценти


Во првиот квартал од 2013 година, во услови кога европската економија беше во рецесија и забележа негативна стапка од 1,2 проценти, македонската економија оствари позитивен раст на БДП од 2,9 проценти, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој смета дека може да се очекува оти Македонија следниот период ќе задржи позитивни економски резултати. „Моето мислење е дека ќе ја завршиме годината со најмалку два проценти економски раст на БДП, што во вакви околности во Европа, секако претставува солидно остварување.“ рече Ставрески.
XS
SM
MD
LG