Достапни линкови

Дачиќ: Одлуката е историска, но Србија не е најзадоволна


Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска во Крушевац изјави дека одлуката на Европскиот совет да ги отпочне пристапните преговори е конечна, историска, но оти Србија со тоа не е најзадоволна. Седницата на владите на сите 28 земји-членки ќе биде одржана најдоцна до јануари на барање на Германија. „Не сме најзадоволни поради тоа што е во јануари, но во секој случај ова е историски ден“ рече Дачиќ. Тој додаде дека одлуката не само што е конечна, туку и оти нема дополнителни услови.
XS
SM
MD
LG