Достапни линкови

Возачот на романскиот автобус возел двојно побрзо од дозволеното


Возачот на автобусот, кој на 23 јуни падна во провалија при што загинаа 18 романски туристи, возел двојно побрзо од дозволеното, објави денеска црногорскиот весник „Вијести“. Тоа е двојно поголема брзина од дозволената на тој дел од патот меѓу Колашин и Подгорица. Во сообраќајната несреќа беа повредени 29 патници. Во автобусот имало два возачи, од кои едниот загина, но се уште не е утврдено кој од нив двајцата возел кога се случи сообраќајната несреќа.
XS
SM
MD
LG