Достапни линкови

Ромпуј: Нема дополнителни услови за Србија


Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе ја потврдат преговарачката рамка за Србија пред почетокот на преговорите во јануари, но без дополнителни услови, изјави денеска во Брисел претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј. „Одлуката за преговарачката платформа е политичка одлука и треба да ја потврди Европскиот совет. Тоа е вообичаена процедура и нема никакви нови условувања. Многу внимателно е избран зборот „да потврди“, рече Ромпуј.
XS
SM
MD
LG