Достапни линкови

Иран ќе продолжи со производство на нуклеарно гориво


Иранскиот шеф за нукклеарна енергија изјави дека исламската република ќе продолжи со производство на нуклеарна енергија во согласност со декларираните цели. Фередин Абаси Давани, првиот човек на Иранската агенција за атомска енергија, во изјава за медиумите појаснува дека ќе се продолжи со збогатување на ураниум во подземниот комплекс Фордов. Иран ввели дека 20 процентно збогатениот ураниум е потребен за реактор во Техеран. Неколку земји членки на Советот за безбедност при Обединетите нации бараат Иран да ја суспендира нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG