Достапни линкови

Авганистанската војска уби 13 талибански милитанти


Авганистаските власти соопштија дека 13 талибанци биле убиени во воена операција во источната провинција Ганзи. Шефот на областа Андар, Касам Десивал во изјава за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа вели дека уште четворица милитанти биле повредени во операцијата која почнала пред два дена. Нема жртви од страната на авганистанските безбедносни сили. Од друга страна, портпарол на Талибанците изјави дека двајца полицајци загинале во експлозија на бомба поставена покрај пат во областа Андар.
XS
SM
MD
LG