Достапни линкови

Со оглед на тоа што поскапувањето на струјата значеше и зголемување на цените на останатите производи поради зголемени производствени трошоци, се поставува прашањето, дали сега ќе има поевтинување на домашните производи.

Поевтинувањето на струјата би требало да предизвика и поевтинување на останатите производи кои поскапуваа поради зголемувањето на цената на електричната енергија, но не се исклучува можноста, цените на останатите производи да останат исти, производителите да си го зголемат профитот, а граѓаните да останат со празни раце, објаснуваат економистите.
Имаме една психолошка страна на движењето на цените кај производителите. Секогаш кога има зголемување на цената на одреден инпут, влезен трошок, тие по автоматизам ги зголемуваат цените, но дали ќе го има тој психолошки автоматизам и во поглед на намалување на цените на производите, треба да видиме како ќе реагираат производителите. Во секој случај, имаат поволна почва тоа да го направат и на тој начин да ја зголемат својата конкурентност и обемот на својата продажба.

По седум години поскапување, струјата ќе поевтини. Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе предлог-одлука за намалување на цената на струјата за 5,24 отсто. Колку точно ќе биде намалувањето ќе се знае до крајот на месецов, кога и ЕВН, која е незадоволна од ваквиот предлог, ќе ги каже своите забелешки, но претседателот на Комисијата Димитар Петров не очекува тоа многу да се разликува од предложеното.

Според предлогот на Регулаторна, поскапува производствената цена на ЕЛЕМ за три отсто, зголемување за МЕПСО за 3,97 отсто и намалување од 4,83 отсто за ЕВН дистрибуција. Според вкупните пресметки, граѓаните треба да плаќаат за повеќе од 5 отсто поевтина струја.
Електричната енергија е главен фактор од кој зависат и цените на производите на домашниот пазар, така што сметам дека поевтинувањето на струјата веројатно ќе биде една значителна околност во намалувањето на тн. фиксни трошоци, кои сигурно ќе влијаат на намалување на цените на производите што се директно зависни од цената на струјата.

Причина за поевтинувањето, според Петров, е профитот на ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН кои оствариле приходи поголеми од проектираното, откако Регулаторната комисија лани во два наврати ја зголеми цената на струјата за вкупно 18 отсто. Следната корекција на цената на струјата, ќе биде во истиот период наредната година.

Со оглед на тоа што поскапувањето на струјата значеше и зголемување на цените на останатите производи поради зголемени производствени трошоци, се поставува прашањето, дали сега ќе има поевтинување на домашните производи.

Професор Томе Неновски вели дека би било нормално да се очекува одредено поевтинување и на останатите производи, со оглед на тоа што струјата е еден од главните влезни трошоци во производството.

„Меѓутоа имаме една психолошка страна на движењето на цените кај производителите. Секогаш кога има зголемување на цената на одреден инпут, влезен трошок, тие по автоматизам ги зголемуваат цените, но дали ќе го има тој психолошки автоматизам и во поглед на намалување на цените на производите, треба да видиме како ќе реагираат производителите. Во секој случај, имаат поволна почва тоа да го направат и на тој начин да ја зголемат својата конкурентност и обемот на својата продажба“, вели Неновски.

На сличен став и универзитетскиот професор Мирач Хани.

„Електричната енергија е главен фактор од кој зависат и цените на производите на домашниот пазар, така што сметам дека поевтинувањето на струјата веројатно ќе биде една значителна околност во намалувањето на тн. фиксни трошоци, кои сигурно ќе влијаат на намалување на цените на производите што се директно зависни од цената на струјата“, вели Хани.

Сепак, тој додава дека е можно да нема поевтинување, а производителите да ја искористат намалената цената на струјата за зголемување на профитот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG