Достапни линкови

Бесими - Името не е ексклузивно право на ниедна политичка партија


Интервју со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими
please wait

No media source currently available

0:00 0:15:22 0:00
Директен линк

Интервју со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Чувствувам одговорност и затоа отворено зборувам и во Брисел и во Скопје за тоа дека не се исполнети некои од декемвриските заклучоци на Европската комисија, поради што и Македонија повторно не доби датум за почеток на преговорите. Тоа пред сè е проблемот со името, добрососедските односи, политичкиот дијалог и уште некои реформи. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го истакнува вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, кој смета дека прашањето со името не е ексклузивно право на ниедна политичка партија, туку проблем кој бара консензуален пристап.

Поранешниот министер за надворешни работи, сега пратеник, Антонио Милошоски изјави дека би требало да размислите за оставка доколку мислите дека некоја од институциите потфрлила во евроагендата. Како го коментирате ова?
Значи секој политичар, секој функционер треба да чувствува одговорност и токму поради тоа јас овие работи ги кажувам отворено. Како што зборувам во Брисел, така зборувам и во Владата, така зборувам и пред Собранието и пред граѓаните. Секојдневно и во комуникација со институциите и во комуникација со Брисел и со земјите членки на ЕУ, го зборувам истото, да дадеме порака дека Република Македонија е сериозно заинтересирана за членство во Е.

Јас пред се би сакал да кажам дека европската интеграција на Република Македонија е една од стратешките приоритети и ние треба максимално да ги дадеме своите напори во однос на напредокот во овој процес. Јас во континуитет во овој период го пренесувам тоа што го слушам во Брисел, што земјите членки на ЕУ го кажуваат низ сите овие средби, а тоа се однесува во однос на декемвриските заклучоци, а тоа е дека ние сите заедно треба да го сработиме тоа што е важно за Македонија, и тука мислам на сите релевантни институции, не само владините институции туки и опозицијата.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав.

По однос на прашањето што ми го поставивте, тој најверојатно или не ги следел моите јавни настапи или посетите што сум ги имал во овој период или најверојатно не е информиран за тој дел. Но во секој случај јас апелирам дека за ова прашање треба сите да сме заедно, било да се од една или од друга политичка партија, било да се од владата или од опозицијата, затоа што европската интеграција не е дневно-политичка тема за дневно-политички маркетинг. Тоа е прашање од интерес за целата држава, за сите граѓани и во крајна инстанца тоа сите граѓани го очекуваа од нас.
Последниот предлог на медијаторот Нимиц претставува една добра основа да се продолжи понатаму со преговорите. Сметам дека за ова прашање и Република Грција треба да биде проактивна за да можеме посериозно да напредуваме во овој процес, значи добра основа да се продолжи понатаму со разговорите и од двете страни да се покаже поголема ангажираност, посебно од страна на Република Грција од кадешто очекуваме во наредниот период да покаже поактивен пристап кон ова прашање.

Посочивте дека не очекувате Македонија да добие датум за преговори, затоа што не се исполнети декемвриските заклучоци. Може ли да ни дадете конкретни примери што не е исполнето.

Во овој процес јас не поставувам рокови, тие се можности, како што јуни беше една можност, така е декември. Ние нашето треба да си го сработиме. Јас лично и Секретаријатот работиме на агендата за понатаму. Процесот на евроинтеграции ниту започнува ниту завршува со јуни, тоа е процес кој што ќе продолжи и до членство и после членството.

Во овој контекст тоа што беа декемвриските заклучоци отворено треба да кажеме дека дел од тие се уште не се завршени, пред се, тоа на сите ни е јасно, тоа е отвореното прашање во врска со името со Република Грција. Тоа е прашање за кое сите знаеме дека е едно од главните предизвици поради што Република Македонија нема датум за почнување на преговори со Европска унија. И по ова прашање како генерално за европската интеграција апелирам за консензус и обединетост внатре во Македонија и да не се користи за дневно политички цели.
Седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Меѓутоа во ова прашање за волја на вистината сме две страни, Македонија и Грција и ние очекуваме од Република Грција да го направи својот чекор и да одиме понапред поблиску до решението. Ние сметаме дека последниот предлог на Метју Нимиц односно идеа треба да се разгледа сериозно од двете страни и како една добра основа за да продолжиме со преговорите кон
Секако, ние сме коалициони партнери и мислам дека тука нема дилема дека ние комуницираме во однос на сите прашања, како што е и ова важно прашање. Сметам дека како влада во однос на ова прашање и на евроинтеграциите е прашање кое бара заеднички настап, координација и тоа ќе повторам, не е прашање кое е само на ниво на владини институции, туку е прашање за кое треба да има поддршка без дневно политички поткосурувања меѓу политичките партии. Тоа е искуличително важно прашање кое бара заедништво на сите релевантни фактори и институции во земјата.
ова прашање во рамките на Обединетите Нации. Тоа е првото прашање заради кое Македонија се уште нема датум.

Другите прашања се добрососедските односи, како што е со Република Бугарија. Понатаму има и други прашања кои се предвидени во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво, како што се политичкиот дијалог што се очекува, понатаму напредокот во реформите во слободата на изразувањето кои се во тек, изборните реформи во однос на судскиот систем, правниот систем, како и политичките аспекти во однос на инплементацијата на Охридскиот рамковен договор.
Има низа и голем број на крупни реформи што Македонија ги има направено но тоа што е моја задача и отвореност према јавноста е дека треба да ги кажеме отворено и работите на кои треба да се фокусираме, тие се отворени теми.
Средба на министерот за одбрана Фатмир Бесими со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на САД Филип Рикер
Средба на министерот за одбрана Фатмир Бесими со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на САД Филип Рикер

Во Собранието ги споменавте институциите како одговорни за тоа што не е исполнето од европската агенда, на кои институции конкретно мислевте дека се одговорни за неисполнувањето?

Во однос на тоа прашање, јас реков дека и ние, институциите треба да го завршиме својот дел, тука мислам и на владините институции, и на Собранието и на политичките партиии. Кога го кажав тоа во Собранитието повеќе асоцирав на политичкиот дијалог во Македонија за кој за жал подолго време се чекаше и добро е што Комисијата е формирана, тоа даде позитивен сигнал во Брисел.
Во тој контекст во јуни нема ништо што не изненадува. Дали ние сме очекувале датум или не. Агендата е јасна и се очекува прогрес по овие прашања, меѓутоа едно од клучните прашања кое не зависи само од Македонија е спорот со името.

Чувствувате ли лична одговорност за исходот во Брисел, со оглед на тоа што вие сте на чело на институцијата која се грижи за евроинтеграциските процеси во земјата?

Токму заради тоа ги правам сите овие активности. Значи секој политичар, секој функционер треба да чувствува одговорност и токму поради тоа јас овие работи ги кажувам отворено. Како што зборувам во Брисел, така зборувам и во Владата, така зборувам и пред Собранието и пред граѓаните. Секојдневно и во комуникација со институциите и во комуникација со Брисел и со земјите членки на ЕУ, го зборувам истото, да дадеме порака дека Република Македонија е сериозно заинтересирана за членство во ЕУ, сериозно е фатена за реформите, Македонија е отворена и конструктивна во однос на отворените прашања со соседите и Република Македонија е идна земја членка на ЕУ на која може да се смета како на конструктивен партнер.

Една од пораките која пристигна од Брисел, од известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит кој вели дека постои опасност Македонија да го загуби кандидатскиот статус токму поради проблемите како што се состојбата со човековите права, парламентарната демократија, состојбата со печатот... Што мислите Вие, реална ли е таа опасност Македонија навистина да го загуби кандидатскиот статус?

Јас мислам дека Македонија е сериозно заинтересирана за ЕУ. Ние сериозно сме ангажирани во однос на реформите и доколку во овој процес некогаш покажуваме разбирање за предизвиците кои стојат пред нас, ќе биде уште поголем аргумент пред ЕУ за нашата сериозност и искреност во овој процес. И сите други дилеми ќе останат во однос на дискусија или теорија, додека Република Македонија ќе напредува во овој процес и токму од тие причини јас се обидувам да бидам многу отворен, реален во своите пораки и внатре во институциите и во јавноста, за да работиме заедно на оваа тема. Ќе повторам, ова е тема на која треба да работиме сите заедно, посебно за прашањето за името кое е отворено прашање, главен предизвик и прашање што ги тангира сите с граѓани во Република Македонија и прашање што е ексклузивно право ниту на една, ниту на друга политика партија, ниту на власта, ниту на опозицијата, ниту на една етничка група. Тоа е прашање кое бара консензуален пристап, заеднички од сите релевантни институции во земјата, за да може да покажеме напредок, значи тоа е најдобрата и најпозитивната порака што Македонија може да ја прати и до Брисел и до и внатре во земјата и што ќе ни гарантира успех во однос на овие отворени прашања што ги има Република Македонија.

Споменавте дека сериозно треба да се разгледа последниот предлог на Метју Нимиц, дали тоа значи дека со сега не се разгледувал доволно сериозно или станува збор за нешто друго?

Последниот предлог на медијаторот Нимиц претставува една добра основа да се продолжи понатаму со преговорите. Сметам дека за ова прашање и Република Грција треба да биде проактивна за да можеме посериозно да напредуваме во овој процес, значи добра основа да се продолжи понатаму со разговорите и од двете страни да се покаже поголема ангажираност, посебно од страна на Република Грција од кадешто очекуваме во наредниот период да покаже поактивен пристап кон ова прашање. Најверојатно кој тоа би можело да помогне ако се стави и една временска рамка во процесот и се подигне политичкото ниво на преговарачкиот процес

Тоа значи дека ДУИ како партија е запознаена со последниот предлог на Метју Нимиц. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ комуницира со вас и вие знаете за што станува збор.

Секако, ние сме коалициони партнери и мислам дека тука нема дилема дека ние комуницираме во однос на сите прашања, како што е и ова важно прашање. Сметам дека како влада во однос на ова прашање и на евроинтеграциите е прашање кое бара заеднички настап, координација и тоа ќе повторам, не е прашање кое е само на ниво на владини институции, туку е прашање за кое треба да има поддршка без дневно политички поткосурувања меѓу политичките партии. Тоа е искуличително важно прашање кое бара заедништво на сите релевантни фактори и институции во земјата.

Во изминатите неколку месеци во медиумите читаме апели од лидерот на ДУИ Али Ахмети кој повикува сериозно да се седни и да се разговара за овој проблем. Зошто овие пораки се праќаат по медиуми, нема вашиот коалиционен партнер слух за овие пораки или нешто друго е во прашање?

Ако зборувам од позиција на политика партија, ДУИ секогаш била отворена, транспарентна и внатре во институциите и во јавноста и конзистентно настапува во однос на своето политичко делување по однос на важните државни прашања, односно политички прашања од државен интерес. Досега неколку пати е потврден тој пристап да се даде предност на државните интереси пред кратко политичките интереси или партиските интереси. И овие пораки се токму во таа насока да се гледа во тие заеднички државни интереси за сите граѓани.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG