Достапни линкови

Серија бомбашки напади во кафулиња во Ирак


Најмалку 16 луѓе загинаа и десетици се ранети при серија бомбашки напади во Ирак, јавуваат светските новински агенции. Тие известуваат дека цели на бомбашки напади биле кафулиња во северниот и јужниот дел на Багдад каде што млади луѓе следеле фудбалски натпревар. Новинста агенција Асошиетед прес јавува дека има 16 жртви додека пак Ројтерс пишува дека при нападите загинале 22 лица. При напади поврзани со судири меѓу мнозинството Шиити и малцинството Сунити во Ирак во мај загинале на илјада луѓе.
XS
SM
MD
LG