Достапни линкови

Маказиве Мендела:Нема да лажам, тој не изгледа добро


Јужноафриканскиот претседател Џакоб Зума изјави дека нобеловецот Нелсон Мендела „ се уште е во критична но стабилна состојба“. Тој додаде дека здравствената состојба на Мандела се подобрила во текот на минатата ноќ, но и натаму останува критична.Ќерката на Мендела, Маказиве по посетата на својот 94 годишен татко, изјави „ нема да лажам, тој не изгледа добро, но се уште е тука и реагира на допир“. Голема група на луѓе и натаму се собираат пред болницата носејќи пораки за поддршка на саканиот Мандела .Нелсон Мендела беше првиот црн претседател на Јужна Африка по окончувањето на Апартхејдот во 1994-та година.
XS
SM
MD
LG