Достапни линкови

Околу 300 деца биле уапсени за време на протестите во Турција


Најмалку 294 деца биле уапсени за време на протестите во Турција, а едно 17-годишно момче било повредено, се наведува во извештајот на асоцијацијата „Ѓунден чоџук“ за прекршување на правата на децата во периодот од 28 мај до 25 јуни. Според извештајот, најмалку 294 деца биле уапсени за време на протестите: 78 во Анкара, 35 во Истанбул, 130 во Адана, 34 во Измир, две во Кајсери и 15 во Мерсин. Во документот, исто така, се наведуваат и случаи на деца, кои биле изложени на солзавец, водени топови и звучни бомби, како и случаи во кои децата биле удирани со палки. Некои деца биле притворени во рамки на борбата против тероризмот, се додава во извештајот.
XS
SM
MD
LG