Достапни линкови

logo-print

Демонстранти втор ден „на кафе пред Парламентот“ во Бугарија


Околу 3 илјади демонстранти се собраа синоќа пред зградата на Владата во Софија, соопшти полицијата. Тие со протестен марш бараа оставка на Владата. Протести против владата се одржуваат во повеќе градови од земјата, меѓу кои Пловдив, Варна, Бургас, Велико Трново, Габрово и други. Полицијата ги обезбедуваше зградите на Владата, на Претседателот и на Парламентот.
Протестите веќе втор ден се организираат под мотото „На кафе пред Парламентот“. Две недели траат протестите во главниот град на Бугарија против Владата на премиерот Пламен Орешарски. Граѓаните секој ден се собираат на плоштадот „Независност“ со барање за оставка на Владата и измена на Изборниот закон.
Покрај протестот, вчера беше оддржан и контрапротест каде што демонстранти потпишуваа петиција за владина поддршка и бараат да и се даде шанса на Владата да работи.
XS
SM
MD
LG