Достапни линкови

Кери на 4-часовни разговори со Нетанјаху


Американскиот државен секратар Џон Кери оддржа 4 часовни разговори со израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху како дел од последните обиди за обновување на изралеско-палестинските мировни разговори. Кери и Нетанјаху по средбата не дадоа изјава за медиумите и се уште не е објавено соопштение за што точно се разговарало на средбата. Се очекува Кери да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Кери вчера се сретна во Јордан со кралот Абдула Втори. Тие разговарале за а надминување на несогласувањата меѓу Израел и Палестинците и за конфликтот во Сирија. Ова е петта обиколка на американскиот државен секретар на Блискиот Исток откако ја презеде оваа функција во февруари.
XS
SM
MD
LG