Достапни линкови

ЕУ го изгласа 7 годишниот буџет


Европските лидери постигнаа договор за буџетскиот блок за наредните седум години. Пакетот вреден 96 милијарди евра за 2014 до 2020 година за прв пат бележи намалување на расходите. Буџетот ќе биде објавен денеска на вториот ден од самитот во Брисел. Тој мора да биде одобрен и од Европскиот Парламент. Лидерите на ЕУ се согласија да ги забрзаат планираните активности за намалување на невработеноста кај младите за што како ставка е одвоено 6 милијади евра за следните две години. Парите е планирано да се потрошат за давање поддршка за создавање на работни места, обука и стажирање на млади луѓе. Според статистичките податоци една четвртина од младото население во ЕУ кое е на возраст од 08 до 25 е невработено.
XS
SM
MD
LG