Достапни линкови

Србија и Косово на чекор поблиску до ЕУ


Европските лидери денеска во Брисел се очекува да и доделат датум за преговори на Србија за пристапување во Унијата. Нацрт - заклучокот кој што шефовите на дипломатиите на земјите членки едногласно го изгласаа содржи оддредница според која Србија ќе ги почне преговорите најдоцна во декември 2013 односно јануари 2014 година.
Германскиот Бундестаг вчера даде согласност германската Влада на денешниот состанок на Европскиот совет да може да гласа за почеток на пристапни преговори на Србија со ЕУ, но под услов првата пристапна конференција да се одржи во јануари 2014 година.
Ако Европскиот совет во декември потврди „целосно и трајно спроведување на обврските од планот за имплементација“ склучен на 26 мај меѓу Србија и Косово, тогаш во јануари може да се одржи пристапна конференција, се вели во заклучокот на Бундестагот.
Ова доаѓа откако Србија и Косово се договорија пред два месеца за нормализирање на односите.Истовремено се очекува да се расчистои патот за Косово да ги започне преговорите за Стабилизација и Асоцијација со ЕУ.
XS
SM
MD
LG