Достапни линкови

logo-print

Попладнево расправа за извештајот за Македонија


Македонската парламентарна делегација при Парламентарното Собраните на Советот на Европа попладнево ќе учествува во расправата што ќе се води за извештајот од постмониторинг дијалогот на ПССЕ со нашата земја, изработен од британскиот парламентарец Роберт Валтер. Сите членови на делегацијата, Александар Николоски, Игор Ивановски, Ермира Мехмети - Деваја и Александар Спасеновски, очекуваат извештајот и препораката да бидат усвоени. За извештајот е поднесен еден амандман, а се очекува најверојато уште еден што ќе биде претставен усно за време на дебатата. „Имаме навистина еден позитивен извештај, кој што реално ги отсликува состојбите во Република Македонија и тој дава комплетна слика за неа“ изјави за МИА шефот на македонската делегација, Александар Николоски. Извештајот, според него, се однесува и на нашите соседи.
XS
SM
MD
LG