Достапни линкови

logo-print

Раст на индустриското производство во првите пет месеци годинава


Индустриското производство во периодот јануари-мај годинава во однос на истиот период лани е зголемено за 1,7 проценти. Во мај годинава споредено со мај лани индустриското производство бележи пад за 2,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во минатиот месец споредено со мај 2012. бележи пораст од 9,1 процент, во секторот „пеработувачка индустрија“ опаѓање од 9,3 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 34,3 проценти. Според главните индустриски групи, производството во мај 2013 година, во однос на мај минатата година година, бележи пораст кај „енергијата“ за 20,2 птроценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 13,4 проценти.
XS
SM
MD
LG