Достапни линкови

logo-print

Македонија повторно остана без датум


Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав.

Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими вели дека во јуни немаше што да нè изненади, затоа што агендата била јасна и од Македонија се очекуваше прогрес во реформите, како и во едно од клучните прашања - спорот со Грција.

На дводневниот Самит на ЕУ во Брисел, Македонија не се најде на агендата со тоа што земјата повторно остана без датум за преговори со Унијата. На Самитот Хрвaтска станува членка, Србија добива датум за преговори, а Косово - Договор за стабилизација и асоцијација.
И ова е едно од приоритетните прашања што во наредниот период треба да го надминеме со цел Република Македонија да добие датум за членството во ЕУ. Секако дека тука и ние како домашни институции треба да го дадеме нашиот придонес во однос на овие прашања. Има низа реформи што треба да се прават и во наредниот период сите тие работи што се предвидени во Пристапниот дијалог на високо ниво и добрососедските односи.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими вели дека во јуни немаше што да нè изненади, затоа што агендата била јасна и од Македонија се очекува прогрес во реформите, како и во едно од клучните прашања - спорот со Грција.

„И ова е едно од приоритетните прашања што во наредниот период треба да го надминеме со цел Република Македонија да добие датум за членството во ЕУ. Секако дека тука и ние како домашни институции треба да го дадеме нашиот придонес во однос на овие прашања. Има низа реформи што треба да се прават и во наредниот период сите тие работи што се предвидени во Пристапниот дијалог на високо ниво и добрососедските односи“, вели Бесими во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе го објавиме утре.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и евроамбасадорот Аиво Орав.


Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека е поразително тоа што Македонија не се најде на агендата на јунскиот Самит и што повторно нема да добие датум за преговори со ЕУ и дека некој треба да им објасни на граѓаните зошто земјата тапка во место.
Според нас како опозиција, не постои алтернатива на нашето интегрирање во ЕУ и НАТО.

„Да не заборавиме зошто ЕУ и НАТО се приоритетни цели на нашата земја, што тоа очекува нашиот народ од тие цели, тоа е економска благосостојба, целовитост на нашата земја, интегрирана во европските пазари и меѓународно поврзана, со конечна цел подобро секојдневие на граѓаните. Според нас како опозиција, не постои алтернатива на нашето интегрирање во ЕУ и НАТО.“

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека политичките одлуки во ЕУ се носат со консензус и проблемот е само кај Грција која ги попречува евроатланските интеграции на Македонија.

„Ова не е произволен заклучок, тоа беше докажано и пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. За жал, не постои не постои прагматизам од грчка страна. Наместо да бидат главен мотор и двигател и адвокат на зачленувањето на регионот во ЕУ и да бидат дел од решението за европеизација на нашата земја и на соседните земји, Грција останува да биде дел од проблемот на балканските прашања.“

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе им порача на земјите од Западен Балкан дека членството на Хрватска потврдува дека перспективата за евроинтеграции е отворена за сите држави во регионот кои ќе покажат неопходна политичка волја за спроведување на политички и економски реформи и ќе докажат дека ги почитуваат европските вредности.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG