Достапни линкови

Дневен печат - Фијаско на Македонија во ЕУ


Архивска фотографија: Евроамбасадорот Аиво Орав во информативна кампања „ЕУ одблизу“ на13 мај 2013 година.
Архивска фотографија: Евроамбасадорот Аиво Орав во информативна кампања „ЕУ одблизу“ на13 мај 2013 година.

Македонскиот државен врв исчезна од јавниот радар за да не мора да коментира зошто нашата држава воопшто не беше тема на министерскиот состанок во Луксембург, пишува Утрински весник.

Утрински најјасен во врска со новото фијаско на Македонија кај европските министри: „Молк за дебаклот во ЕУ - Македонскиот државен врв исчезна од јавниот радар за да не мора да коментира зошто нашата држава воопшто не беше тема на министерскиот состанок во Луксембург и како се случи Србија да има преговори, а ние уште едно одложување на патот кон членство во Унијата“.
Молк за дебаклот во ЕУ - Македонскиот државен врв исчезна од јавниот радар за да не мора да коментира зошто нашата држава воопшто не беше тема на министерскиот состанок во Луксембург и како се случи Србија да има преговори, а ние уште едно одложување на патот кон членство во Унијата.
Утрински весник.

Дневник само ја пренесува анализата на Дојче веле дека „Македонија мора уште да чека за ЕУ“, а Вечер, на ден пред состанокот, поаѓајќи од поддршката на шефот на бугарската дипломатија, буквално оди со наслов: „Позитивни тонови од ЕУ за Македонија: Филе бара да не се заборава земјата, Вигенин со поддршка“.

Изјавата на вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, дека спорот со Грција не е единствената причина поради која Македонија на Самитот на Унијата кон крајот на неделава нема да добие датум за преговори, го провоцира Утрински да напише дека: „Груевски и Ахмети исто мислат, различно зборуваат - се добива впечаток дека се опозиција еден на друг“. Но за поранешниот министер за надворешни, Милошоски, се чини, за недобивањето датум е виновен Бесими: Дневник ја пренесува неговата изјава: „Бесими да размисли за оставка ако смета дека не може да го координира процесот на приближување на Македонија кон ЕУ“.
Македонија мора уште да чека за ЕУ.
Дневник.

Дневник и Вечер координирано во напад на известувачот на ОН за медиуми, Ла Ру, кој по престојот во Скопје изјави дека во земјава постојат политички притисоци и заплашувања врз новинарите: бил, наводно, на платниот список на познатиот Џорџ Сорос, чија фондација и нејзиниот директор во земјава, Милчин, инаку се трн во окото, како на некои медиуми, така и на власта. Вечер, пак, од околу, веројатно алудирајќи и на Ла РУ, пренесува мислење на Институтот „Тодор Александров“: „Лажираните извештаи - притисок за промена на името на државата“.

Многупати најавуваното потпишување на договорот за Јужниот тек во Санкт Петерсбург, не се оствари по кој знае кој пат: Утрински насловува дека по неколкудневниот молк, „Владата се огласи - причините се технички“.

Утрински ги објавува информациите од Министерството за финансии дека „Буџетскиот минус за пет месеци надмина 200 милиони евра“, а сите медиуми објавија информации за официјалното основање на Алијанса за позитивна Македонија, при што насловот во Утрински гласи: „Бучковски, Јорданов и Зиков - лидерско трио кое маршира одлево кон центарот“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG