Достапни линкови

Инцидент во собранието, немири во Приштина


Припадниците на партијата Самоопределување на чело со Аљбин Куртиј, го истргаа микрофонот од пред претседателот на косовскoтo собрание Јакупи Красниќи во моментот кога тој рече дека на седницата е прусутен 101 пратеник и најави почеток на гласањето за ратификација на бриселкиот договор. Тие рекоа дека нема да дозволат гласање за предлог-законот за ратификација на „договор со Србија“. Красниќи даде десет минути пауза, но ни потоа седницата не продолжи. Во меѓувреме, продолжуваат немирите пред зградата на собранието каде стотина демонстранти се судрија со полицијата во Приштина. Насобраните не им дозволуваа на пратениците да влезат во зградата на собранието каде е предвидено да се гласа за договорот меѓу Приштина и Белград постигнат под покровителство на Европската унија.
XS
SM
MD
LG