Достапни линкови

logo-print

Обама: Нема да пуштам борбени авиони за 29 годишен хакер


Нема да пуштам борбени авиони за 29 годишен хакер, изјави американскиот претседател Барак Обама за поранешниот соработник на националната агенција за безбедност Едвард Сноуден, пренесуваат американските медиуми. Шефот на државата дополни дека нема да се ценка, расправа и трампа за екстрадицијата на поранешниот разузнавач. Сноуден се товари за протекување информации за американските надзорни програми. Тој веќе петти ден е на аеродромот во Москва каде долета од Хонг Конг. Пасошот на американскиот државјанин е поништен и за сега не е јасно како тој ќе го напушти терминалот. Руските власти одбиваат да го екстрадираат Сноуден кој побара азил во Еквадор.
XS
SM
MD
LG