Достапни линкови

logo-print

Почина Абдурахман Алити, поранешен претседател на ПДП


Абдурахман Алити, поранешен претседател на ПДП, пратеник и амбасадор, почина денеска на 68 години. Алити е роден во тетовското село Желино во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Извршувал повеќе функции во Собранието на општина во Тетово. На првите демократски парламентарни избори беше избран за член на Собранието. Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори во 1994 година, е избран за заменик-претседател во Парламентот. Од 2006 година беше претседател на Партијата за демократски просперитет. Од 2005 до 2008 ја извршуваше функцијата амбасадор на Македонија во Бугарија.
XS
SM
MD
LG