Достапни линкови

САД очекуваат нови инциденти од талибанските милитанти


 Џејмс Добинс

Џејмс Добинс

Американскиот специјален пратеник за Авганистан и Пакистан предупредува дека покрај мировните разговори со талибанците, Соединетите американски држави очекуваат нови насилства во Авганистан. За време на посетата во Индија Џејмс Добинс за новинарите изјави дека неговата влада нема наивни прекумерни очекувања. Добинс смета дека талибанските милитанти ќе продолжат со насилствата со цел да си обезбедат повисока позиција во преговорите. Пратеникот на САД го повтори ставот на американскиот државен секретар Џон Кери, дека предуслов за договор со милитантската група е прекин на сите немири.
XS
SM
MD
LG