Достапни линкови

ПССЕ денеска ќе расправа за извештајот за Македонија


Илустрација - Седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Илустрација - Седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Парламентарното собрание на Советот на Европа попладне ќе расправа за извештајот за Македонија, изготвен од британскиот парламентарце Роберт Волтер. Во извештајот се опфатени сите сегменти од евроитеграциите на Македонија, а посебен дел е посветен на случувањата од 24-ти декември и напредокот кон НАТО и ЕУ. Како што јавува дописникот на МИА од Стразбур, во точката два се изразува жалење што прашањето за името и натаму го одлага почетокот на преговорите за членство во ЕУ, како и приемот во НАТО. Притоа се констатира дека Грција не ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата, а Парламентарното собрание ја повикува Грција да прифати пофлексибилен приод кон прашањето за името, а Македонија да ги продолжи преговорите под покровителство на Обединетите Нации и да развива добрососедски односи.
XS
SM
MD
LG