Достапни линкови

Македонија надвор од играта на овој Самит, но тоа не е крај


Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот Парламент.

Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот Парламент.

Во Брисел дводневен самит на ЕУ на кој Хрвaтска станува членка, Србија добива датум за преговори, а Косово Договор за стабилизација и асоцијација. Македонија е надвор од играта на овој самит, но тоа не е крај, вели за РСЕ известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит. Тој апелира до сите политичари во Македонија да покажат вистинско лидерство и да ја одржат европската перспективата на земјата.

Господине Ховит, кој е одговорен за тоа што Македонија не е на агендата на ЕУ?

Нема да навлезам во тоа да обвинувам. Тоа е погрешниот начин за да се коментира случајот на земјата и сите треба да ја испитаме својата одговорност. Формално, ирското претседателство ја формира агендата, но вистината е дека земјите членки не можеа да обезбедат консензус да дојдат до позитивна одлука во оваа фаза. И се разбира мора луѓето кои дејствуваат во земјата да ја преземат сопствената одговорност. Само заедно можеме да се движиме напред.
Барам од сите да останат трпеливи и да не даваат негативни и потенцијално провокативни коментари во однос на одлуката оваа недела и да ја фокусираат нивната енергија и одлучност да го исполнат договорот од 1 март и да го направат она што може и што треба да се направи во земјата за таа да се движи напред.

Дали Грција и спорот за името се главниот проблем или има и други причини зошто Македонија не е на агендата?

Мислам дека не помага да се каже дека само спорот со името е проблем или не, кога вистината е дека е покомплицирано од тоа. Спорот за името треба да биде решен и континуирано се врши притисок врз двете страни да постигнат фер договор. Но доколку некој во земјата говори и се обидува да ја обвини Грција и спорот за името, ќе го стави во сенка прогресот кој треба да се направи во земјата кој е неуспешен поради настаните од 24 декември и сè што следеше по нив. И мојата порака до сите во Средба на премиерот Никола Груевски со известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит, 15 февруари 2013.

Средба на премиерот Никола Груевски со известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит, 15 февруари 2013.

земјата е дека го разбирам нивното разочарување и дека ќе го пренесам тоа разочарување во Брисел. Барам од сите да останат трпеливи и да не даваат негативни и потенцијално провокативни коментари во однос на одлуката оваа недела и да ја фокусираат нивната енергија и одлучност да го исполнат договорот од 1 март и да
Мојот апел до политичарите и креаторите на јавното мислење во земјата е да покажат вистинско лидерство и да ја одржат перспективата на земјата и нејзината европска иднина со отворен ум бидејќи ова не е крај на играта. Останува долг пат да се изоди и важно е ние да се обидеме да градиме врз напредокот кој е направен и луѓето и земјата да не нè спречуваат во тоа.
го направат она што може и што треба да се направи во земјата за таа да се движи напред.

Факт е дека Македонија не е на агендата, што мислите како тоа ќе влијае врз евроскептицизмот во земјава?

Државата останува да биде една од земјите кои сакаат да пристапат во Унијата со голема поддршка. Јас немав сомнеж дека оваа недела ќе биде големо разочарување и дека ќе биде искушение за некои локални политичари да го премостат. Мојот апел до политичарите и креаторите на јавното мислење во земјата е да покажат вистинско лидерство и да ја одржат перспективата на земјата и нејзината европска иднина со отворен ум бидејќи ова не е крај на играта. Останува долг пат да се изоди и важно е ние да се обидеме да градиме врз напредокот кој е направен и луѓето и земјата да не нè спречуваат во тоа.

Може ли да направите мала паралела меѓу ситуацијата на Македонија со Грција и состојбата на Србија и Косово? Македонија останува последна на Балканот што не се придвижи напред. Што може да очекуваме од ЕУ во блиска иднина?

Во однос на одлуките на кои што се надеваат Србија и Турција, ќе се знаат неделава и невозможно е во процесот на проширувањето на ЕУ да се спореди случајот на една земја со друга. Секоја треба да се мери според своите заслуги. Јас можам да кажам дека случајот на оваа земја не треба да се прескокне или заборави како и сите другите земји во регионот. Србија и Турција се надеваат дека ќе напредуваат на крајот на годинава и јас се надевам дека тој напредок ќе стане вистина и за Македонија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG