Достапни линкови

logo-print

Во Тексас се извршени 500 смртни казни од 1976


Во американската држава Тексас се извршени 500 смртни казни од 1976 кога со одлуката на Врховниот суд е укинат мораториум врз смртната казна во САД. Кимберли Мекарти вчера е егзекутирана со смртоносна инјекција во затворот во Хантсвил.
Таа беше првата жена погубена во Тексас по речиси три години, а 13-та во САД од 1976 година.
Мекарти беше осудена за грабеж, тепање, и убиство на 71-годишниот пензиониран професор по психологија, Дороти Бут во 1997. Мекарти го отсече прстот на Бут, со цел да украде дијамантски прстен.
XS
SM
MD
LG