Достапни линкови

Во Брисел почнува дводневниот самитот на ЕУ


Хрватска,Србија и Косово се на агендата на европските лидери на Самиот на ЕУ што денеска и утре се одржува во Брисел.
На Самиотот треба да се формализира придружувањето на Хрватска во ЕУ на 1. јули, како 28 ма земја членка на ЕУ.
Ова ќе биде прво проширување на ЕУ од влегувањето на Бугарија и Романија во Унијата во 2007.
Во петок ЕУ лидерите се очекува формално да прифатат почеток на преговори со Србија за членство.Европските министри оваа недела препорачаа на Србија да и биде дадено зелено светло до јануари 2014 да ги почне преговорите за членство ,по постигнувањето договор за нормализација на односите со Косово.
Исто така се очекува во април да му се даде на Косово одобрение за почеток на преговорите за потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
Како што е познато, претходно на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург,министрите на земјите-членки оопшто не се разговараа за Република Македонија.
XS
SM
MD
LG