Достапни линкови

Египетскиот претседател предупреди дека немирите ќе ја парализираат земјата


Египетскиот претседател Мохамед Морси предупреди дека континуираните немири се закануваат да ја парализираат земјата и вети реформи во државните институции.Ова тој го кажа во те-ве говорот по повод една година од неговото владеење.Говорот се одржува во очи на демонстрациите закажани за претстојниот викенд.Опозицијата бара негова остaвка и предвремени избори. Египетската војска соопшти дека армиските сили ќе бидат распоредени по улиците каде што ќе се одржуваат демонстрациите на опозицијата. Две лица загинаа во судирите вчера во градот Мансоура. Во својот говор Морси призна дека напрвил некои грешки како претседател и ги покани политичките сили на разговори за реформи.
XS
SM
MD
LG