Достапни линкови

Бериша се повлече од лидерската позиција во Партијата и го призна поразот на изборите


Премиерот на Албанија Сали Бериша синоќа го призна изборниот пораз од социјалистите.Тој ја прифати личната одговорност за лошите резулатите и се повлече од функцијата водач на десно ориентираната Демократска партија. Бериша поразот го призна во обраќањето пред приврзаниците.Социјалистот Еди Рама победи со 53 отсто од гласовите,додека демократите на Бериша освоија 36 проценти, односно 12 проценти помалку од изборите пред 4 години. Бериша на изборите се кандидираше за трет по ред премиерски мандат.
XS
SM
MD
LG