Достапни линкови

Мандела и натаму е во критична состојба


Јужно африканскиот добитник на нобеловата награда за мир Нелсон Мандела е и натаму во критична состојба во болница.
Канцеларијата на јужно африканскиот претседател Јакоб Зума соопшти дека претседателот го откажа планираното патување поради сериозната ситуација на 94 годишниот активист против Апартхејдот. Зума синоќа го посети Мандела во болницата во Преториа.
Претседателскиот портпарол не ги коментираше информациите дека Мандела е на апарати за дишење.
Мандела беше осуден на 27 годишен затвор од претходниот расистички режим, а стана претседател на Африка во 1994.
XS
SM
MD
LG