Достапни линкови

Бериша ќе се повлече од лидерското место на Демократската партија?


Албанскиот премиер Сали Бериша е пред донесуавње одлука за напуштање на лидерското место во Демократската партија, по неуспехот на изборите од 23 јуни, јавуваат албанските медиуми. Најсериозен кандидат за нов лидер на демократите е актуелниот градоначалник на Тирана Љуљзим Баша. Ваквата можност, според непотврдени инфирмации, била главна тема на средба што Бериша ја имал синоќа со Баша и шефот на државата Бујар Нишани. „Се уште нема ништо официјално, но доколку се случи, тоа би бил морален чин на Бериша, иако и покрај поразот на изборите не е обврзан да даде оставка на лидерската функција во партијата“ се наведува во анализа на тиранската телевизија Топ-чанел.
XS
SM
MD
LG