Достапни линкови

Продолжен притворот за новинарот Кежаровски и осомничените во случајот Ореше


Продолжен е притворот за приведените во акцијата „Ликвидација“ меѓу кои е и новинарот Томислав Кежаровски. Тој се сомничи дека го открил идентитетот на заштитниот сведок во судскиот случај Ореше. Македонските медиуми јавуваат дека причина за одлуката да се продолжи притворот за новинарот е донесена на два основи: опасност да избега или да ја попречи истрагата. Тој беше приведен заедно со неколкумина судии и обвинители инволвирани во спорниот процес. За сега останува нејасно кога била донесена одлуката, имајки предвид дека според медиумите, во петокот требала да се одржи седница на кои ќе се расправало за притворската мерка.
XS
SM
MD
LG