Достапни линкови

logo-print

Гран при во Москва за Мандолинскиот оркестар „Скопје“


Мандолински оркестар Скопје на Меѓународниот фестивал на словенска музика во Москва.

Мандолински оркестар Скопје на Меѓународниот фестивал на словенска музика во Москва.

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ неодамна освои Гран при на Меѓународниот фестивал на словенска музика во Москва, Словенскиот фонд го прогласи за најдобар ансамбл на случувањето, а концерт мајсторот Лазар Сандев, доби награда за најдобар солист на оваа престижна манифестација.

Во силна конкуренција од 30 ансамбли, Мандолинскиот оркестар „Скопје“ освои три престижни награди на штотуку завршениот 9. Меѓународен фестивал на словенска музика што, во чест на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, се одржа во Москва. Македонскиот ансамбл со едногласна одлука на жирито освои Гран при на фестивалот, Словенскиот фонд го прогласи за најдобар на случувањето, а концерт мајсторот Лазар Сандев доби награда за најдобар солист на манифестацијата. Згора на ова, диригентите на оркестарот Рамадан и Ерхан Шукри, се вратија со дипломи за успешна педагошка работа.
Се работи за аматерски состав и затоа признанието е можеби и многу поголемо во однос на професионалниот дел. Еве јас работам во Музичкото училиште каде што предавам виолина, ова што би се рекло е еден вид на хоби и затоа, иако е тешко во денешно време тој ентузијазам да се одржи, сепак носи една друга убавина и друго исполнување. Особено кога ќе се гостува надвор од Македонија, на фестивали и на натпревари, и кога ќе бидеме наградени за тој голем труд што го вложуваме.

„Се работи за аматерски состав и затоа признанието е можеби и многу поголемо во однос на професионалниот дел. Еве јас работам во Музичкото училиште каде што предавам виолина, ова што би се рекло е еден вид на хоби и затоа, иако е тешко во денешно време тој ентузијазам да се одржи, сепак носи една друга убавина и друго исполнување. Особено кога ќе се гостува надвор од Македонија, на фестивали и на натпревари, и кога ќе бидеме наградени за тој голем труд што го вложуваме“, истакнува Ерхан Шукри, кој стамено ги следи стапките на својот успешен татко и диригент Рамадан.
Диригентите Рамадан и Ерхан Шукри добија награда на Меѓународниот фестивал на словенска музика во Москва.

Диригентите Рамадан и Ерхан Шукри добија награда на Меѓународниот фестивал на словенска музика во Москва.


Формиран во 2001 година, Мандолинскиот оркестар „Скопје“, досега има бројни награди и признанија од гостувањата по европските земји, но она што неговите раководители и двигатели постојано го акцентираат е фактот дека не смее да се заборави на негувањето и зачувувањето на оваа традиција кај нас.
За жал, мандолинското музицирање во Македонија е веќе во изумирање и нам навистина би ни значело многу повеќе овие информации за наградите да допрат до одговорните субјекти во нашата држава, за да можат да се ангажираат повеќе и да сфатат дека таа богата традиција што била од порано носи голема тежина и квалитет што надвор светот знае да го цени. Ете тоа би ни било посебно драго, ако сите тие награди што се освојуваат надвор од Македонија допрат до културните кругови во Македонија.

„За жал, мандолинското музицирање во Македонија е веќе во изумирање и нам навистина би ни значело многу повеќе овие информации за наградите да допрат до одговорните субјекти во нашата држава, за да можат да се ангажираат повеќе и да сфатат дека таа богата традиција што била од порано носи голема тежина и квалитет што надвор светот знае да го цени. Ете тоа би ни било посебно драго, ако сите тие награди што се освојуваат надвор од Македонија допрат до културните кругови во Македонија.“

Ерхан Шукри вели дека тие досега ја имале помошта од ресорното министерство во однос на турнеите, но потенцира дека патувањата се едно, а катадневното делување и опстојување на сцена сосема друго.

„Гостувањето е една работа, но функционирањето и работата со оркестарот си носи сопствена организација и сопствени трошоци и тука е тој најважен дел каде што треба таквите оркестри да бидат потпомогнати и финансирани за да можат да опстојуваат. Да не остане само на ентузијазмот, зашто од ентузијазам ретки се и луѓето што останаа во Македонија за да работат и да ги негуваат таквите видови на ансамбли.“

Инаку, во периодов што следува, Мандолинскиот оркестар „Скопје“, со одбрана фолклорна програма, ќе одржи концерт на традиционалната Галичка свадба, потем со одбир на композиции од класичниот репертоар ќе учествува на фестивалот „Езерски бисери“ кој ќе се одржи во Струга, за да наесен се вклучи и во одбележувањето на 40-годишнината од уметничката дејност на својот основач – Рамадан Шукри. Сепак, наспроти ваквата концертна агенда, мандолинците со особено внимание ќе и се посветат и на поканата за гостување во далечна Канада како една од пожелуваните дестинации каде, како што велат, наново ќе бидат вистински репрезенти на македонската музичка култура.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG