Достапни линкови

Промовирана Алијансата за позитивна Македонија


Развојот на економијата како предуслов за подобар живот на граѓаните на Македонија ќе биде приоритет на Алијансата за позитивна Македонија, новата политичка партија што денеска беше промовирана во Скопје. Основачите на партијата, поранешниот пермиер Владо Бучковски, бизнисменот Минчо Јорданов и новинарот Љупчо Зиков најавија дека партијата ќе се насочи и кон стратегии за решавање на останатите клучни проблеми во државата. Партијата, која ќе делува како нео-политичка движечка сила во општеството, својот претседател ќе го избира на конгресот што ќе се одржи во септември.
XS
SM
MD
LG