Достапни линкови

Најмалку 300 милиони евра за затворање на ЕРТ


Затворањето на ЕРТ ќе чини грчката држава најмалку 300 милиони евра, проценуваат вработените во јавниот радиодифузер. Сметајќи го надоместокот и трошоците за откажување на договори и други услуги, персоналот тврди дека загубите ќе се искачат на половина милијарда евра, без да дадат подетални објаснувања.„Надоместокот за 2.650 вработени, откажувањето на договорите за продукција на програми и трошоците за сите видови надоместоци - сите се префрлени на државна сметка и во буџетот кој има голем дефицит“ изјави претставник на вработените во ЕРТ.
XS
SM
MD
LG