Достапни линкови

Кога се поставува прашањето кој е одговорен за ова, јас би рекол, нашите институции. Тоа што Филе го кажа, тоа е ваша одлука, и навистина е наша одлука, вели вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

За вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, одговорноста за недобивањето датум за преговори е во македонските институции, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека виновна е Грција, додека, пак, експертите тврдат дека одговорноста е поделена меѓу Македонија и Европската унија, затоа што процесот се водеше партнерски.
Затоа што заклучоците кои се дадени во декември за Република Македонија не се исполнети и тие секако, кога се поставува прашањето кој е одговорен за ова, јас би рекол, нашите институции. Тоа што Филе го кажа, тоа е ваша одлука, и навистина е наша одлука.

Вицепремиерот Бесими на седницата на Националниот совет за евроинтеграции пред неколку дена изјави дека недобивањето на датумот се должи на неисполнувањето на декемвриските заклучоци.
Седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Седница на Националниот совет за евроинтеграции.


„Затоа што заклучоците кои се дадени во декември за Република Македонија не се исполнети и тие секако, кога се поставува прашањето кој е одговорен за ова, јас би рекол, нашите институции. Тоа што Филе го кажа, тоа е ваша одлука, и навистина е наша одлука.“

Тој посочи дека три клучни прашања остануваат отворени, добрососедските односи, спорот за името и слободата на медиумите.
Во нашиот случај вината не ја сноси ниту еврокомесарот Филе, ниту премиерот Груевски, ниту македонското собрание, ниту кој било освен една земја членка која што 20 години ги попречува нашите евроатлантски интеграции, а тоа е за жал јужниот сосед Грција.

Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник Антонио Милошоски смета дека доколку Бесими не ги посочи институциите, тоа е само политичка изјава.
Архивска фотографија: Министерот за надворешни работи Никола Попоски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Архивска фотографија: Министерот за надворешни работи Никола Попоски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.


„Доколку вицепремиерот Бесими смета дека одредена институција потфрлила во исполнувањето во одредени критериуми, истата да ја посочи, да ја обзнани и да се отвори расправа за понесување на одредена одговорност. Господинот Бесими е висок член на владата и не само што има право, туку и има обврска да води сметка за она што е исполнето и она што не е исполнето и ако има мерливи аргументи, сето тоа да и биде предочено на јавноста. Доколку посочувањето е само паушално, тогаш сметам дека не е ништо повеќе од политичка изјава“, вели Милошоски.

Тој додава дека одговорноста за тоа што Македонија не се најде на агендата на Самитот на ЕУ е во Грција, затоа што политичките одлуки во ЕУ се носат со консензус.
Се дадоа доволно аргументи да може Грција да каже дека Македонија има проблем со исполнувањето на критериумите, пред сè секако мислам на настаните од 24 декември, коишто очигледно имаа многу негативни реперкусии како што ние навреме предвидовме во Институтот за европски политики. Мислам дека уште повеќе и немоќта да се разрешат, практично да се даде адекватен одговор на таа ситуација, односно да се понесе одговорноста придонесе за една таква негативна атмосфера во врска со исполнувањето на критериумите од страна на Македонија.

„Во нашиот случај вината не ја сноси ниту еврокомесарот Филе, ниту премиерот Груевски, ниту македонското собрание, ниту кој било освен една земја членка која што 20 години ги попречува нашите евроатлантски интеграции, а тоа е за жал јужниот сосед Грција“, вели Милошоски.

Од опозициската партија СДСМ, на прашањето чија е одговорноста што земјава не се најде на агендата и сега е на дното на Балканот рекоа дека утре ќе излезат со став и забелешки за случувањата на Самитот.

Во меѓувреме премиерот е на роуд шоу во Естонија.

Малинка Ристовска Јордановска од Институтот за европски политики вели дека самото тоа што Македонија не е ставена на агендата на самитот укажува дека партнерството со ЕУ е во застој.

„Мислам дека е поделена одговорноста, значи колку што е на македонска страна, дека има одговорност и од страна на ЕУ, бидејќи процесот се водеше партнерски, со пристапен дијалог и очигледно тоа е сега во застој“, вели Ристовска Јордановска.

Таа додава дека веќе не може оваа власт да се вади на аргументот дека Грција е проблемот.

„Се дадоа доволно аргументи да може Грција да каже дека Македонија има проблем со исполнувањето на критериумите, пред сè секако мислам на настаните од 24 декември, коишто очигледно имаа многу негативни реперкусии како што ние навреме предвидовме во Институтот за европски политики. Мислам дека уште повеќе и немоќта да се разрешат, практично да се даде адекватен одговор на таа ситуација, односно да се понесе одговорноста придонесе за една таква негативна атмосфера во врска со исполнувањето на критериумите од страна на Македонија“, вели таа.

Таа додава дека, имајќи ги предвид случувањата со Косово и Србија на нивниот пат кон Европската унија и позитивните резултати од таму, како и на нивната заедничка историја, само укажува дека и двете земји имаат поголема политичка волја и капацитет да ги разрешат нивните проблеми за да го отворат патот кон пристапувањето кон Унијата.

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит вчера во писмено соопштение ги оцени како разочарувачки информациите од Луксембург и истакна дека не се согласува со донесената одлука. Тој посочи дека Владата и опозицијата во Скопје мора да се воздржуваат од меѓусебни обвинувања и да ја користат нивната енергија позитивно за справување со предизвиците што претстојат.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG