Достапни линкови

Драги: Владите мора да ги реформираат домашните економии


Шефот на Европската централна банка, Марио Драги, изјави дека банката направила се што може за стабилизирање на европската економија и оти сега националните влади треба да ги реформираат домашните економии. Тој ги повика политичарите да се фокусираат врз регулативите на пазарот на работна сила, кои резултираат со висока стапка на невработеност меѓу младите. Во денешниот говор пред француските пратеници во Париз, Драги оцени дека владите мора да превземат мерки за зголемување на економскиот раст и за поголема конкурентност.
Европската централна банка ја намали каматата на рекордни 0,5 отсто, а се претпоставува дека би можело да има уште едно намалување во текот на оваа година.
XS
SM
MD
LG