Достапни линкови

logo-print

За 5 месеци, 200 милиони евра буџетски дефицит


Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува за собраниска седница за ребаланс на буџетот на 29 мај 2012 година.

Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува за собраниска седница за ребаланс на буџетот на 29 мај 2012 година.

Според податоците на Министерството за финансии, претходниот месец државата потрошила скоро 19 милиони евра повеќе отколку што собрала од даноци и други давачки. Дефицитот за првите пет месеци од годинава надмина 200 милиони евра.

Буџетскиот дефицит во првите пет месеци од годинава надмина 200 милиони евра. Тоа значи дека за пет месеци се потрошени 70 отсто од предвидениот дефицит од 288 милиони евра за целата година. Според податоците на Министерството за финансии, претходниот месец државата потрошила скоро 19 милиони евра повеќе отколку што собрала од даноци и други давачки.
Тоа укажува дека даночните приходи се релативно помали од предвиденото и дека врз основа на тоа, задолжувањето веројатно некаде до септември или октомври ќе стигне до својот максимум па владата ќе треба, или како минатата година да го зголеми нивото на дефицитот, што мислам дека е најголем проблем, или да оди со благо намалување на расходите, што сепак значи ребаланс.

Најголемиот дефицит беше направен во првите три месеци од годинава. Во април имаше мал суфицит, што за владата беше знак дека буџетот е во добра кондиција и дека до крајот на годинава нема да се надмине предвидениот буџетски дефицит, додека дел од стручната јавност коментираше дека е малку веројатно да се исполнат владините проекции. По благиот суфицит во април, буџетската дупка повторно почна да се продлабочува.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пред скоро два месеци рече дека дефицитот во првите четири месеци е во рамки на очекувањата и оти ќе биде таков до крајот на годината. Очекуваме да се исполнат проекциите, рече тогаш Ставрески.
За цела година ќе оди над 550 милиони евра, дури можеби ќе оди и 700 милиони евра. Ако земете предвид дека најголемите трошоци секогаш се во третиот и во четвртиот квартал, сè е јасно.

Пред десетина дена тој соопшти дека растот на економијата од 2,9 отсто во првиот квартал од годината е многу над владините очекувања. За него тоа е охрабрувачки знак за тоа дека македонската економија оди во добар правец и оти има добри шанси да ја заврши оваа година со предвидениот пораст на економијата. Ставрески очекува европската економија во втората половина од годината да се стабилизира што ќе значи повеќе нарачки и поголемо производство за македонските компании.

За споредба, во истиот период минатата година буџетскиот дефицит беше околу 88 милиони евра, односно околу 115 милиони евра помалку отколку годинава. Минатата година беше предвидено дека дефицитот ќе биде околу 197 милиони евра или 2,5 отсто од БДП, но при крајот на септември, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека дефицитот ќе се зголеми на 3,5 отсто и годината заврши со дупка во државната каса од 289 милиони евра кои се надополнуваат со задолжување.

Годинава, пак, владата предвиде да потроши 288 милиони евра повеќе отколку што ќе прибере, односно тоа да биде 3,5 отсто од БДП-то, но со оглед на тоа што за неполна половина година е потрошен поголемиот дел од тие пари, економистите со кои разговаравме се сомневаат дека буџетската дупка дополнително ќе се продлабочува.

Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека владините расходи се зголемуваат со многу побрзо темпо од приходите, а тоа повлекува нови задолжувања. Интересно е што даночните приходи, кои се базата на буџетската потрошувачка, во првите пет месеци се реализирани само со 37 отсто, а логично би било да се реализирани над 40 проценти, вели Поповски.

„Тоа укажува дека даночните приходи се релативно помали од предвиденото и дека врз основа на тоа, задолжувањето веројатно некаде до септември или октомври ќе стигне до својот максимум па владата ќе треба, или како минатата година да го зголеми нивото на дефицитот, што мислам дека е најголем проблем, или да оди со благо намалување на расходите, што сепак значи ребаланс“, вели Поповски.

Тој вели дека се чуди како можеше лани владата без да го праша Собранието да го зголеми буџетскиот дефицит од 2,5 на 3,5 отсто, но не верува дека тоа би се случило повторно. За него, поверојатно е дека ќе има ребаланс.
2013 јануари февруари март април мај вкупно дефицит
приходи 10,651 8,278 10,972 14,657 10,555 55,113 12,437
расходи 13,522 11,997 15,829 14,485 11,717 67,550
Извор: Министерство за финансии(сумите се во милијарди денари)

Поранешниот заменик-министер за економија Зоран Витанов, пак, има уште попесимистички прогнози за годинава. Зголемувањето на буџетскиот дефицит допрва следува, затоа што во втората половина на годината се поголемите расходи, вели тој. Ова ќе биде рекордна година по црни бројки, вели Витанов.

„За цела година ќе оди над 550 милиони евра, дури можеби ќе оди и 700 милиони евра. Ако земете предвид дека најголемите трошоци секогаш се во третиот и во четвртиот квартал, сè е јасно“, вели Витанов.

РСЕ: Многу храбра проценка, господине Витанов.

„Па еве ќе видите, објавете го тоа слободно. Хрватска и Грција ќе бидат мала смешка во однос на Македонија“, вели тој.

Витанов вели дека Македонија се задолжува, а не ги инвестира парите во капитални проекти, туку во шминка и затоа ќе биде тешко да ги врати тие пари.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG