Достапни линкови

logo-print

Владина делегација, на чело со Груевски, во Калининград


Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува во политичко-економска посета на Калининградската област во Руската Федерација.
Во владината делегација се и заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Во рамки на посетата, премиерот Груевски ќе има и политички средби со претставници на Калининградската Губернија.
Владината делегација ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум во Калининград на кој ќе бидат презентирани можностите кои Република Македонија ги нуди за странските инвеститори.
XS
SM
MD
LG