Достапни линкови

logo-print

Турската полиција со водени топови и димни бомби против демонстрантите


Водени топови и димни бомби беа употребени во утринските часови за да се растераат стоиците анти владини демонстранти во Анкара.
Истото синоќа се случи и на плоштадот Таксим во Истанбул, како реакција на одлуката на Судот во Анкара за ослободување од притвор на полицаецот обвинет за убиство на демонстрант за време на антивладините протести во Турција. Полицаецот е обвинет дека на 1 јуни застрела 26-годишен учесник на протестите во Анкара, меѓутоа Судот реши да го пушти на слобода до почетокот на судскиот процес, со образложение дека „истрелот можеби бил случаен“.
На протестите, што започнаа на 31 мај како собир против уништувањето на паркот Гези, но потоа прераснаа во антивладини демонстрации, досега загинаа тројца демонстранти и еден полицаец.
Според податоци на турското Министерството за внатрешни работи, од 31 мај, па досега на протестите учествувале вкупно 2,5 милиони лица во 79 од вкупно 81 округ во Турција.
Главните протести беа организирани во Истанбул и Анкара. При судирите беа уапсени околу 4.900 демонстранти, а над 600 полицајци и околу 4.000 цивили беа повредени.
XS
SM
MD
LG