Достапни линкови

Белата куќа ја повика Русија да го протера Сноуден


Белата куќа ја повика Русија да го протера поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност Едвард Сноуден по кого САД имаат распишано потерница. Рускиот претседател Владимир Путин вчера потврди дека Сноуден е во транзит делот на московскиот аеродром, но ја отфрли можноста од негово предавање на Вашингтон. Портпаролот на Стејт департментот Патрик Вентрел изјави дека нема договор за екстрадиција меѓу САД и Русија, но нагласи дека има „јасна правна основа“ за протерување на Сноуден затоа што тој се соочува со кривична пријава, а неговиот пасош е поништен. Претходно, американскиот државен секретар Џон Кери ја повика Русија да биде „мирна“ и да го предаде Сноуден, велејќи дека Вашингтон не бара „конфронтација“. Републиканскиот сенатор Џон Мекејн го обвини претседателот Барак Обама дека е слаб и го повика да ги преиспита односите со Русија. Сноуден објави информации за тајните американски програми за надзор.
XS
SM
MD
LG