Достапни линкови

logo-print

Ограничување на емисијата на штетни гасови во САД


Објавувајќи дека американските термоцентрали повеќе нема да може да исфрлаат „неограничени“ количини јаглерод диоксид во воздухот, претседателот Барак Обама го претстави планот за намалување на загадувањето, зачувувањето енергија и подготовките за ефектите од климатските промени. Во вчерашниот говор на Универзитетот Џорџтаун, Обама соопшти дека ѝ наредил на Агенцијата за животна средина за првпат да воведе федерални ограничувања на емисијата на стакленички гасови за новите и постоечки термоцентрали. Обама рече дека побарал од Конгресот да ја усвои легислативата за климатски промени, но оти ништо не се случило. Претседателскиот меморандум до федералните агенции ќе поттикне активности насочени кон зголемување на производството на обновлива енергија на владино земјиште, ќе ги зголеми стандардите за енергетска ефикасност и ќе ги подготви американските заедници за справување со сè почестите лоши временски услови.
XS
SM
MD
LG