Достапни линкови

Претседателски избори во Монголија


Претседателот на Монголија Елбегдорж Цахиагин.

Претседателот на Монголија Елбегдорж Цахиагин.

Во Монголија денеска се одржуваат претседателски избори. Актуелниот претседател, Елбегдорж Цахиагин, е фаворит на изборите. Топ тема во текот на предизборната кампања беше борбата против корупцијата. Поголем дел од Монголците велат дека не чувствуваат корист од рударскиот бум во земјата. Минерално богатство во Монголија, кое вклучува злато, бакар и јаглен, поттикна силен економски раст, но, исто така, придонесе за инфлација и поголем јаз меѓу богатите и сиромашните. Монголците се противат на тоа што на странски фирми им се даде право да управуваат со рудното богатство.
XS
SM
MD
LG